| четврток, 6 декември 2018 |

Лавот како македонски симбол со вековна традициjа

Поз­на­ти се два­е­се­ти­на вер­зии на ма­ке­дон­ски­от зем­ски грб. Си­те се единс­тве­ни по ед­на ра­бо­та - со­др­жат лав. Не­ка­де ла­вот е цр­вен на злат­но по­ле, не­ка­де обрат­но, не­ка­де има кру­на, не­ка­де има двој­на опа­шка. Но ла­вот не­из­беж­но се сре­ќа­ва

– Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја до­се­га ни­ко­гаш не­ма­ла хе­рал­дич­ки грб. Тоа што до­се­га го на­ре­ку­вав­ме грб е, всуш­ност, амб­лем соз­да­ден во ду­хот на со­ци­ја­ли­стич­ка­та амб­ле­ма­ти­ка – ве­лат од Ма­ке­дон­ско хе­рал­дич­ко здру­же­ние.

Але­ксан­дар Ги­жа­ров­ски, се­кре­тар во Хе­рал­дич­ко­то здру­же­ние и пер­се­вант ве­ли де­ка сим­бо­лот на Ма­ке­до­ни­ја со жи­то­то, пла­ни­ни­те и во­да­та бил кре­и­ран во сог­лас­ност со ду­хот на вре­ме­то, ко­га се соз­да­ва­ла На­род­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ка­ко фе­де­рал­на един­ка во со­став на пос­тво­е­на Ју­гос­ла­ви­ја. Тој ја об­јас­ну­ва по­тре­ба­та од соз­да­ва­ње нов амб­лем, од­нос­но грб, не­што што хе­рал­ди­ча­ри­те во зем­ја­ва одам­на го ба­ра­ат.

Од Здру­же­ни­е­то ве­лат де­ка со рас­па­дот на Ју­гос­ла­ви­ја се по­ста­ви­ло пра­ша­ње­то за грб на Ма­ке­до­ни­ја, по што би­ла фор­ми­ра­на и ко­ми­си­ја, при­стиг­на­ле ни­за пред­ло­зи…  Алек­сан­дар Ма­тков­ски, истра­жу­вач што бил фо­ку­си­ран на ма­ке­дон­ски­от зем­ски грб во илир­ски­те гроб­ни­ци, по­чи­нал пред да се ста­ви За­кон за про­ме­на на гр­бот на со­бра­ни­ска рас­пра­ва, но оста­вил сво­ја по­ра­ка, ко­ја е про­чи­та­на во Со­бра­ни­е­то. Тој го изра­зу­ва сво­јот став де­ка за грб на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да се при­фа­ти исто­ри­ски­от грб. Ко­ми­си­ја­та не ус­пе­а­ла да се сог­ла­си за еден пред­лог што би го прет­ста­ви­ла пред Со­бра­ни­е­то. Пра­ша­ње­то прем­но­гу се по­ли­ти­зи­ра­ло. Глав­ни­от проб­лем за ре­ша­ва­ње на кри­за­та со др­жав­ни­от грб на Ма­ке­до­ни­ја, спо­ред хе­рал­ди­ча­ри­те, е др­жа­во­твор­на­та не­зре­лост и це­лос­но­то не­поз­на­ва­ње на хе­рал­ди­ка­та. Со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, ко­мен­ти­ра­ат тие на сво­ја­та стра­ни­ца, не го при­фа­ќа­ле зем­ски­от грб за­тоа што го сме­та­ле за бу­гар­ски и за пар­ти­ски сим­бол на ВМРО- ДПМНЕ.

– Би­деј­ќи ве­ќе 23 го­ди­ни сме др­жа­ва што со не­за­вис­но­ста го сме­ни сво­е­то уре­ду­ва­ње од со­ци­ја­ли­стич­ко во де­мо­крат­ско оп­штес­тво, сме­та­ме де­ка е крај­но вре­ме тоа да се одра­зи и врз гр­бот. Ка­ко и се­ко­ја мо­дер­на де­мо­крат­ска др­жа­ва во Евро­па, и ние тре­ба да има­ме хе­рал­дич­ки грб, кој ќе нѐ прет­ста­ву­ва со­од­вет­но. Ние не сме про­тив сим­бо­ли­ка­та на се­гаш­ни­от амб­лем. Тој за­се­ко­гаш ќе го за­др­жи сво­е­то зна­че­ње во исто­ри­ја­та и ќе би­де вре­жан во оп­шта­та свест на се­гаш­ни­те ге­не­ра­ции. Ед­но­став­но, тој е ве­ќе над­ми­нат и ана­хрон. Ние мо­ра да има­ме ви­стин­ски, хе­рал­дич­ки грб. Хе­рал­дич­ки­от грб е вон­вре­мен­ски сим­бол, а на­ша­та др­жа­ва се­га има мож­ност да до­бие грб што има дла­бо­ка хе­рал­дич­ка и исто­ри­ска под­ло­га и со кој ќе мо­же­ме да се гор­де­е­ме – ве­ли Ги­жа­ров­ски.

 

Ла­вот е при­су­тен од кра­јот на 16 век

Вла­да­та пред де­се­ти­на де­на до­не­се од­лу­ка за ме­ну­ва­ње на гр­бот – цр­вен разг­не­вен лав во злат­но­жол­та по­ле, со кру­на во фор­ма на твр­ди­на укра­се­на со би­се­ри и со ру­би­ни, кои го сим­бо­ли­зи­ра­ат ре­пуб­ли­кан­ско­то уре­ду­ва­ње на др­жа­ва­та. Цел­та е да се истак­нат и да се при­ка­жат су­ве­ре­ни­те­тот и ин­те­гри­те­тот на др­жа­ва­та.

Се по­ја­ви де­ба­та – зо­што ла­вот да би­де на др­жав­ни­от грб? Што сим­бо­ли­зи­ра ла­вот? Бу­га­ри­ја се ја­ви – тоа би­ло нив­ни сим­бол. Се ја­ви нив­ни­от хе­рал­ди­чар Сто­јан Ан­то­нов – си­те хе­рал­дич­ки ла­во­ви се ед­на­кви за­тоа што тоа е ед­на фи­гу­ра; ед­на фи­гу­ра за грб. Ла­вот ка­ко хе­рал­дич­ка фи­гу­ра е ед­на­ков, не­ма зна­че­ње да­ли е ал­бан­ски, ма­ке­дон­ски, бу­гар­ски, анг­ли­ски или че­шки. И ма­ке­дон­ски­от хе­рал­ди­чар со кој раз­го­ва­рав­ме ве­ли де­ка во хе­рал­ди­ка­та по­сто­јат уни­вер­зал­ни сим­бо­ли. Не мо­же да се ка­же де­ка ла­вот на ма­ке­дон­ски­от грб зна­чи ед­но, на нор­ве­шки­от дру­го, а на шкот­ски­от грб тре­то. Сим­бо­ли­ка­та на ла­вот во тра­ди­ци­о­нал­на­та хе­рал­ди­ка ја прет­ста­ву­ва хра­бро­ста, чес­но­ста и си­ла­та. Кај зем­ји­те со мо­нар­хи­стич­ко уре­ду­ва­ње, ла­вот мо­же сим­бо­лич­но да го прет­ста­ву­ва и крал­ско­то се­мејс­тво.

Со Але­ксан­дар Ги­жа­ров­ски раз­го­ва­рав­ме кој е пр­ви­от грб  на Ма­ке­до­ни­ја, што со­др­жел и што ка­ра­кте­ри­зи­рал? Ве­ли мо­же да се ре­че де­ка ла­вот на ма­ке­дон­ски­от грб е при­су­тен од кра­јот на 16 век.

– Ако збо­ру­ва­ме за та­ка­на­ре­че­ни­те зем­ски гр­бо­ви на Ма­ке­до­ни­ја, то­гаш ка­ко прв мо­же да се сме­та тој од Лон­дон­ски­от гр­бов­ник. Гр­бов­ни­кот не­ма то­чен да­тум, но се да­ти­ра пред Ко­ре­ниќ-Не­о­риќ, кој, пак, е да­ти­ран во 1595 го­ди­на. Мо­ра да се наг­ла­си де­ка си­те овие гр­бо­ви се при­пи­ша­ни, што зна­чи де­ка не­ма­ле ре­ал­на упо­тре­ба на те­рен би­деј­ќи Ма­ке­до­ни­ја не по­сто­е­ла ка­ко др­жа­ва или, пак, те­ри­то­ри­јал­на еди­ни­ца на дру­га др­жа­ва. И тоа ва­жи не са­мо за Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку и за по­ве­ќе­то бал­кан­ски др­жа­ви, кои сè до 19 век би­ле под власт на Ото­ман­ска­та Им­пе­ри­ја. Ду­ри по ос­ло­бо­ду­ва­ње­то, тие при­фа­ќа­ат вер­зии од нив­ни­те при­пи­ша­ни гр­бо­ви, пред сè од Сте­ма­то­гра­фи­ја­та на Хри­сто­фор Же­фа­ро­виќ од 1741 го­ди­на – ве­ли тој.

Поз­на­ти се два­е­се­ти­на вер­зии на ма­ке­дон­ски­от зем­ски грб. Си­те се единс­тве­ни по ед­на ра­бо­та – со­др­жат лав. Не­ка­де ла­вот е цр­вен на злат­но по­ле, не­ка­де обрат­но, не­ка­де има кру­на, не­ка­де има двој­на опа­шка. Но ла­вот не­из­беж­но се сре­ќа­ва. Во Сте­ма­то­гра­фи­ја­та на Же­фа­ро­виќ, кој дол­го вре­ме бил единс­тве­ни­от хе­рал­дич­ки авто­ри­тет на овие про­сто­ри, Ма­ке­до­ни­ја е прет­ста­ве­на со цр­вен лав на злат­но по­ле, а Бу­га­ри­ја со зла­тен лав на цр­ве­но по­ле, од ка­де што е зе­мен за грб на Бу­га­ри­ја од 1879 го­ди­на, кој оп­ста­нал ка­ко грб на Бу­га­ри­ја до 1949 го­ди­на, ко­га по­ле­то на шти­тот ста­нал син. По про­ме­на­та на си­сте­мот, Бу­га­ри­ја го за­тво­ри пра­ша­ње­то на гр­бот со пра­ктич­но пре­зе­ма­ње на гр­бот на цар­ска Бу­га­ри­ја во 1998 го­ди­на. Со тоа, ко­неч­но, за­вр­ши мож­но­ста и Ма­ке­до­ни­ја да го има злат­ни­от лав на цр­ве­но по­ле.

Ги­жа­ров­ски ка­ко нај­поз­на­ти вер­зии ги спо­ме­ну­ва гр­бо­ви­те нај­де­ни кај Ко­ре­ниќ-Не­о­риќ (1595), Ор­би­ни (1601), по­тоа во Фој­нич­ки­от гр­бов­ник (да­ти­ран ме­ѓу 1675 го­ди­на и 1688 го­ди­на), по­тоа кај Сте­ма­то­гра­фи­ја­та на Ви­те­зо­виќ (1701) и таа на Же­фа­ро­виќ (1741).

tema119-2

Грб ка­ко тој на Раз­ло­веч­ко­то во­ста­ние

Вла­ди­ни­от пред­лог ко­ин­ци­ди­ра со гр­бот на Раз­ло­веч­ко­то во­ста­ние од 1876 го­ди­на. Го има и на вра­та­та од ол­та­рот на Рил­ски­от ма­на­стир во Бу­га­ри­ја, кој од 10 век сè до 1557 го­ди­на е во ди­е­це­за­та на Охрид­ска­та ар­хи­е­пи­ско­пи­ја.

 

(Пишува: Билјана Зафирова
Текст објавен во 119. број на неделникот „Република“, 12.12.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top