| четврток, 6 декември 2018 |

Ноќ на чудата во НБА, „јастребите“ од Атланта го покорија Кливленд

Чудесна ноќ се случи во Кливленд со епилог, 11. победа во последните 12 натпревари за популарните „јастреби“ од Атланта, во чие јато високот леташе и македонскиот кошаркар Перо Антиќ.

Иако губеа со 38-50 во текот на втората четвртина, Хоукс ги декласира Кливленд кавалирс со 127-98. Од минус 12, до позитива од 29 поени за нецели 30 минута. Ноќта на чудата ја потврдија и останатите бројки и случувања.

Атланта постигна ист број поени, 127, како и Кливленд на 15 ноември, кога во меѓусебен меч Леброн Џејмс и соиграчите ја декласираа четата на Антиќ со 127-94.

Македонскиот кошаркар за 13 минути и 13 секунди игра постигна 11 поени, а одигра извонредно. Дека ќе биде интересна ноќ во Кливленд потврди и Шелвин Мек, бекот на гостинската екипа. Тој како резерва постигна најмногу поени на мечот, 24, што е реткост во НБА-лигата. Мек си го подобри личниот рекорд во кариерата, а Хоукс играше без стартниот плејмејкер Џеф Тиг, кој сепак не недостигаше во расположениот состав на Хоукс.

pero antic

 

Најинтересно ноќеска беше во Тексас, каде што Сан Антонио по 3 продолженија загуби од Мемфис гризлис со 116-117. Марк Гасол беше јунакот на победата на гостите, прва на гости против Сан Антонио по 10 порази во низа. Гасол во регуларниот дел израмни со тројка во последен момент и најави маратон што го доби Мемфис.

Резултати: Атланта – Кливленд 127-98, Сан Антонио – Мемфис 116-117 (по 3 прод.), Шарлот – Феникс 106-111, Бостон – Орландо109-92, Детроит – Далас 106-117, Мајами – Јута 87-105, Торонто – Бруклин 105-89, Портланд – Милвоки 104-97, ЛА клиперс – Индијана 102-100, Денвер – Хјустон 111-115 (по прод.)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top