| четврток, 6 декември 2018 |

Што се пребаруваше најмногу на „Гугл“ во 2014?

google

Самоубиството на американскиот актер Робин Вилијамс била најчитаната тема за оваа година што изминува, покажуваат податоците за тоа, што, луѓето барале преку интернет пребарувачот Гугл. По смртта на популарниот актер, најголемо внимание на Интернет привлекле Светското првенство во фудбал, епидемијата од ебола и мистериозното исчезнување на авионот на малезиската авиокомпанија.

На петтото место по бројот на пребарувања e предизвикот „Ајс чаленџ“ на кој познати личности одговараа со полевање со студена вода, а чија цел беше подигање на свеста за амиотрофична латерална склероза.

Останатите најбарани поими на Гугл на светско ниво биле „Флапи бирд“, бесплатна игра за паметни телефони, Кончита Вурст, австрискиот транвестит и овогодишен победник на Евровизија, Исламска држава, терористичка организација која води војна во Сирија и Ирак, „Фрозен“, филмски хит на компанијата Волт Дизни и Зимските олимписки игри во Русија. 

Американската компанија за интернет пребарување Гугл, секоја година објавува листа на десет случувања, луѓе или места кои забележале најголем скок во бројот на пребарувања во однос на минатата година.

Листата на поими кои навистина биле барани на интернет всушност е прилично досадна, велат од компанијата Гугл затоа што вклучува поими како што се „време“ или имиња на интернет страници како што е Гугл. 

Вилијамс, ебола, Светско првенство и „Ајс чаленџ“ биле темите за кои најмногу се разговарало и на Фејсбук годинава.

Смртта на Робин Вилијамс наведе многумина да се потсетат на неговите најдобри остварувања, така што во првите денови по веста за неговото самоубиство, забележан е пораст на неговите филмови.

Првите шест зборови најмногу ги интересирале Американците. Кончита Вурст и Олимпијадата во Сочи не се меѓу десетте најбарани поими на интернет во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top