Српската национална радио-телевизија одлучи следната година на „Евровизија“ да испрати некој талентиран, но неафирмиран претставник. По аудициите низ неколку градови, во неделата во специјална емисија на РТС десет избрани кандидати се претставија со познати песни пред жирито.
Избрани се две финалистки кои во февруари ќе ги одмерат силите за конечниот избор за претставник на Србија во Виена, Австрија.
Првата финалистка е Гога Станиќ, млада пејачка со завршен економски факултет. На јавноста ѝ е позната по љубовните врски со некои познати српски ергени, но и по разголените фотографии за машки магазини. Таа потекнува од музичко семејство, а зема часови по пеење кај Александра Радовиќ.

Втората финалистка е Даница Крстиќ, 19-годишна пејачка од Крагујевац, позната по својот несекојдневен глас и изведбата на традиционална и етномузика. Пее од петгодишна возраст, учествувала на многу натпревари, фестивали, серии и била гостин на концертите на многу познати пејачи во Србија. Таа свири на неколку инструменти, но прв ѝ е виолината. Студира на музичката академија во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


