| четврток, 6 декември 2018 |

Откажани и пренасочени летови од „Александар Велики“

aerodrom maglaПоради исклучително густата магла што сè уште е присутна во скопскиот регион, авиокомпаниите одлучија да ги пренасочат, одложат или откажат своите летови до и од аеродромот „Александар Велики“, соопшти „ТАВ Македонија“.

Според Тав Македонија, од 20 часот вчеравечер до осум часот утринава се пренасочени два, а откажани се шест летови.  Од компанијата истакнуваат дека и покрај одложувањата и откажувањата предизвикани од временските услови, патниците мора да пристигнат на аеродромот со цел да го регулираат правото на купениот авионски билет.

 „ТАВ Македонија“ ги упатува патниците сите детали за промените во редот на летање да ги обезбедуваат преку веб-страницата на скопскиот аеродром http://skp.airports.com.mk,  да ја контактираат Службата за информации на телефонскиот број 389 (0) 2 3148 333, или, пак, да стапат во контакт директно со авиокомпаниите кои одлучуваат за одложување или за откажување на летовите.

„ТАВ Македонија“ е во редовен контакт со надлежните институции во авиосообраќајот, го следи развојот на состојбата околу временските услови и секоја евентуална промена ќе ја објави на веб-порталот на „Александар Велики“, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top