| четврток, 6 декември 2018 |

ТАВ: Проверете кои летови од и за Скопје се откажани поради маглата

Поради густата магла во скопскиот регион денеска дел од авиокомпаниите, чии авиони слетуваат и полетуваат од аеродромот „Александар Велики“, ги откажаа или ги пренасочија своите летови кон други аеродроми, додека одреден број летови
се одложени, информираат од ТАВ Македонија.

Од компанијата наведуваат дека временските услови ги следат постојано и сите евентуални промени ќе ги објават на веб­порталот на аеродромот „Александар Велики“.

Се препорачува патниците да ја прегледуваат интернет ­ страницата http://skp.airports.com.mk каде што се објавуваат последните информации за состојбата на летовите или, пак, да се стапи во контакт со авиокомпаниите кои одлучуваат за
одложување или за откажување на летовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top