Русија ќе одговори на новите санкции на САД, најави денеска рускиот заменикминистер за надворешни работи Сергеј Рјабков, само еден ден откако американскиот Конгрес усвои предлогзакон за дополнителни санкции кон Москва.
Нема сомнеж дека нема да можеме да останеме без одговор, изјави Рјабков, додавајќи дека ваквата одлука на Конгресот е резултат на се поголемото антируско расположение во САД, кое предизвикува загриженост во Москва.
Според него, усвојувањето на ваквиот закон во американскиот Конгрес претставува „уште една демонстрација на антрисуркото расположение“ и обид на Вашингтон „да диктира одлуки кои се категорично непрофатливи“ за Москва.
Со предлогзакон што синоќа го усвои американскиот Конгрес, покрај воведувањето на дополнителни економски санкции кон Русија, му се дава овластување на претседателот на САД, Барак Обама да испрати воена помош во Украина, вклучително и антитенковско оружје и муниција. Законот ќе стапи во сила кога ќе го потпише Обама.
Предлогзаконот овозможува воведување санкции за големите руски компании, меѓу кои „Газпром“ и „Рособоронекспорт“. Обама ќе може да воведе санкции за „Газпром“ во случај ако компанијата ја намали дистрибуцијата на гас за земјитечленки на НАТО, но и за Украина, Грузија и Молдавија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


