| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните го освоија Рим и патуваат во осминафинале, Барселона поуспешна од ПСЖ за првото место на табелата

Највозбудливиот натпревар кој имаше огромен резултатски императив се одигра во Рим каде домашната екипа на Рома го пречека Манчестер Сити.

AS Roma vs Manchester City

Пред овој натпревар двата тима имаа по пет бода во групата Е и само со победа на една од екипите пласманот во осминафиналето беше загарантиран. По конкретни беа гостите од Манчестер кои успеаја да дадат два гола и да слават со 2-0 и со тоа да го визираат пасошот за следната рунда.
Стрелци на головите беа Самир Насри во 60 минута со прекрасен удар од преку 20 метри во горниот десен агол од голот на Рома и Забалета на четири минути до крајот на мечот.
Рома иако остана со пет бода колку што има и последнопласираната екипа на ЦСКА Москва која денеска загуби убедливо на гостувањето против Баерн оди понатаму во Лига Европа.

FC Barcelona vs Paris Saint Germain

Вториот поинтересен натпревар вечерва се одигра во Барселона каде домаќините со головите на напаѓачкото трио Меси-Нејмар-Суарез беа подобри од ПСЖ со 3-1.
Гостите први го отворија резултатот со голот на поранешниот играч на Барселона Златан Ибрахимовиќ во 15 минута.
Сепак сета своја сила каталонскиот гигант го покажа во текот на целиот натпревар, во кој ја имаше иницијативата и повеќето од шансите. Меси брзо возврати на голот на Ибрахимовиќ по само три минути игра. До полувремето Барселона успеа да поведе со евроголот на Нејмар со удар од преку 25 метри. Луис Суарез го постави конечниот резултат 3-1 во 77 минута.
Со оваа победа Барселона го има ПСЖ на табелата и во жрепката за осминафиналето ќе се најде во шеширот за првопласирани екипи и со тоа ќе добие нешто полесен противник.

Шалке успеа да слави минумална но значајна победа на гостувањето против Марибор со 1-0 и со овие три бода да се искачи на второто место на табелата и да остане во игра во Лигата на шампионите. Единствениот гол беше дело на Мејер во 62 минута. За Марибор до 83 минута настапи и македонскиот репрезентативец Агим Ибраими кој одигра под неговите можности.

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА Е:
Баерн Минхен – ЦСКА Москва 3-0, Рома – Манчестер Сити 0-2
Табела: Баерн 15, Сити 8, Рома 5, ЦСКА 5

ГРУПА Ф:
Барселона – ПСЖ 3-1, Ајакс – АПОЕЛ 4-0
Табела: Барселона 15, ПСЖ 13, Ајакс 5, АПОЕЛ 1

ГРУПА Г:
Челси – Спортинг 3-1, Марибор – Шалке 0-1
Табела: Челси 14, Шалке 8, Спортинг 7, Марибор 3

ГРУПА Х:
Порто – Шахтер 1-1, Атлетик Билбао – Бате Борисов2-0
Табела: Порто 14, Шахтер 9, Билбао 7, Бате 3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top