| четврток, 6 декември 2018 |

Пратеник играл „Кенди краш“ два часа на седница (ВИДЕО)

Пратеникoт на конзервативната партија во британскиот парламент, Најџел Милс, предизвикал скандал откако бил снимен како се забавува на својот таблет, играјќи ја играта „Candy crush “ за време на расправата за пензиите, јавуваат британските медиуми.

Таблоидот „Сан“, во кој фотографијата била објавена, го цитира очевидецот кој изјавил дека пратеникот ја играл популарната игра повеќе од два ипол часа. Милс, кој во меѓувреме јавно се извинил, тврди дека сепак одиграл само една-две партии.

пратеник-Британија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top