Со поддршка од Министерството за култура се реализираше финалната фаза од конзерваторско-
Проектот подразбираше детална обработка на фрагментите од мозаичниот под со вкупна површина од 160 квадратни метри и негово враќање на оригиналната местоположба во базиликата.
За таа цел, првпат во историјата на конзервацијата и презентација на мозаиците in situ (на самото место), беше изградена слободно стоечка челична конструкција што ја има улогата на нов носач на мозаикот. Челичната платформа беше изградена со цел да се спречат деструктивните влијанија на атмосферските и на капиларните води врз мозаикот, а и за да не се нарушат постарите архитектонски структури коишто беа откриени под нивото на мозаикот. На овој начин е обезбедена и целосна реверзибилност на конзераваторско-
Заради преземање конзерваторско–реаставраторски активности, овој мозаик бил подигнат уште во далечната 1991 година и сè до денес не беше достапен за научната јавност и за посетителите на Стоби. Проектот за неговата финална конзервација, реставрација и презентација започна во 2012 година, кога беше археолошки истражена целата површина под мозаикот во базиликата, а продолжи во 2013 година кога извадените мозаички фрагменти беа поставени на нови носачи изработени од алуминиумско саќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.