Законодавната комисија на албанскиот парламент го изгласа предлог-законот за враќање на македонското име на општина Пустец (Ликенас). Сега се чека овој предлог-закон да помине на седница на парламентот и да се изгласа со двотретинско мнозинство.
Ликенас е со сила наметнато име на општината Пустец во Албанија уште во 1973 година кога се сменети и имињата на повеќе македонски села.
По одлуката на законодавната комисија, веќе неделава има шанси Ликенас да се смени и да се врати оригиналното македонско име на општината Пустец. Во Пустец никој не го употребува албанизираното име на општината.
Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец и лидер на партијата Македонската алијанса за европска интеграција, е оптимист дека Пустец ќе си го врати името.
Ако овој предлог-закон помине во албанскиот парламент, брзо потоа ќе можат да се вратат македонските имиња и на осумтте села што гравитираат кон оваа општина.
Македонците од Мала Преспа во Албанија петицијата за враќање на името Пустец на нивната општина му ја предадоа на пратеникот од регионот Корча, Едмонд Спаху, уште во 2008 година. Советот на општина Пустец неколкупати досега донесувал одлуки за враќање на македонските топоними на селата, но тие не биле одобрувани од страна на префектурата Корча, во чијшто состав е општина Пустец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
„Гига Мега Бајка“ на ТДМ со награда за колективна игра на „Македонско културно лето“ во Пустец
-
Министерот Попоски ја посети општина Пустец
-
„Зошто им пречи кога Македонци од Пустец имаат државјанство и гласаат, а не им пречи илјадници Албанци кога гласаат во Кичево и во други градови?“