
СДСМ не сака да ги види инвестициите, делата и проектите кои се направени, изјави премиерот Никола Груевски, обраќајќи се на 15. годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ.
– Во петокот е потпишан договор со ЕБОР за изградба на четири нови значајни регионални патни правци помеѓу Штип и Кочани, Прилеп и Градско, Охрид и Пештани и Струга и Требениште. Ивестицијата е 16 милиони евра. Првите два почнуваат кон средина на наредната година, другите два крајот на наредната година, а дотогаш се подготовките на проектите. Тоа се дела и проекти и тоа не можеш да не го гледаш. Мислам дека СДСМ не сакаат да го видат тоа – изјави Груевски.
Со трите автопати кои се градат во исто време, во кои се инвестира една милијарда евра, за 50 проценти се зголемува автопатската мрежа во Македонија. Се обновува пругата на Коридорот 10, се реновираат постојните железнички станици, во тек е обновата на товарниот и патничкиот возен парк.
– За пругата кон Бугарија знам дека не сакаат да ја видат, ги потсетува на времето кога фрлија лопата и ветија дека ќе ја градат, но ниту ја изградија, ниту лопатата знаат каде им е, ниту парите кои ги дадоа знаеме каде завршија. Градоначалникот од Центар, чиј најголем проект му е ставање бекатон плочки на 50 метарска улица и покомплексниот проект за давање отворен ден за граѓаните, повеќе со политика отколку со проекти да ја посети Националната арена Филип Втори, за која тврдеше дека ќе падне, нема паднато досега. СДСМ колку и да сакаат, додаде, не можат да ги избришат фабриките кои се изградија, се градат и ќе се градат, не можат да ја дефокусираат јавната политичка дебата – рече Груевски , осврнувајќи се на пример на проектот Скопје 2014 и изградените водоводи, субвенциите, патиштата, медицинската опрема, повисоките плати и пензии.
– Не разбираат дека се ова заедно во пакет го носи успехот и победата на ВМРО – ДПМНЕ – истакна Груевски, додавајќи дека во СДСМ имаат реализирано еден значаен проект, како што рече, шарање по врати на пратенички со фломастер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?


