| четврток, 6 декември 2018 |

Американска компанија ќе инвестира во Македонија, 400 нови вработувања

invest

Американска компанија ќе инвестира во Македонија. Ова денеска го најави премиерот Никола Груевски, кој присустуваше на денешната годишна Конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски изјави дека договорот за новата американска инвестиција ќе биде потпишан кон средината на месецов.

Станува збор за инвестиција вредна 18 милиони евра која ќе овозможи 400 нови вработувања. Како што посочи премиерот, американската компанија ќе произведува инфлатори за воздушни перничиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top