Во дербито на германскиот фудбалски шампионат Баерн Минхен минимално славеше победа над Баер Левркузен со 1-0. Франуската ѕвезда во редовите на баварците Франк Рибери беше творец на победата со голот во 51 минута. Тој искористи една одбиена топка на пеналтикот и со ефектен удар ја затресе мрежата.
Со оваа победа Баерн се зацврсти на првото место на табелата и покажа дека и оваа година ќе се прошета во шампионатот без посериозна конкуренција. Со серија од пет победи по ред Баерн во есенскиот дел од сезоната го очекуваат уште три натпревари и тоа против Мајнц и Аугзбург на гостински и против Фрајбург на домашен терен на Алијанц арената.
Шалке на гостински терен го торпедираше тимот на Штургарт со 4-0. По само 10 минути игра домаќините веќе беа во нокдаун поради брзите два гола. Вистинки јунак за тимот од Гелзенкирхен беше Чупо-Мотинг кој постигна хет-трик во 1, 21 и 61 минута од натпреварот. Четвртиот гол беше дело на Мејер во 10 минута.
Се чини едниствениот тим кој моежби би можел да му замрси сметките на Баерн за титулата оваа сезона е тимот на Волфсбург кој денеска успеа да слави победа на гостински терен против Хановер со 3-1. И по ова коло Волфсбург заостанува седум бода.
Резултати:
Хановер – Волфсбург 1-3, Келн – Аугсбург 1-2, Менхенгладбах – Херта 3-2, Падерборн – Фрајбург 1-1, Штутгарт – Шалке 0-4.
Вчера Борусија Дротмунд – Хофенхајм 1-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)




