| четврток, 6 декември 2018 |

Моника Белучи е новата девојка на Џејмс Бонд

monica-bellucci-at-lemmeraviglie-premiere-at-cannes-film-festival_1

Атрактивната италијанска актерка Моника Белучи е новата девојка на најпознатиот агент на светот, Џејмс Бонд.

Педесетгодишната актерка ќе му биде партнерка на Даниел Крејг. Ова е нов момент, со оглед на тоа дека Бонд секогаш има помлади девојки. Но, овој пат изборот паднал на убавата Белучи.

На официјалното фотографирање Белучи се појавила многу расположена во тесен црн фустан со црвени точки преку кој уште еднаш истакнала дека нејзините години се само бројка и дека можат да ѝ завидат многу помлади колешки.

Овој филм ќе биде исклучок по уште едно нешто, имено популарниот агент Бонд ќе има две девојки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top