| четврток, 6 декември 2018 |

„Макстил“ ќе продолжи со работа кон средината на наредниот месец

макстил

Во компанијата „Макстил“ активностите за воспоставување на системот за отпрашување се одвиваат според договорената динамика и се очекува да се пушти во работа на средината на наредниот месец.

За реализација на проектот компанијата доби 11 милиони евра кредит од Стопанска банка АД Скопје за што денеска потпиша договор.

Со потпишувањето на договорот, посочуваат од компанијата, се заокружува финансирањето на проектот за отпрашување.

Поради инсталацијата на системот погонот Челичарница не работи од 31 октомври 2014 година.

Генералниот директор на Макстил Иван Бановски, истакна дека ова е една од најголемите обврски на компанијата, која досега е 90 отсто завршена.

– Проектот е инвестиција во најголем систем за прифаќање на правот и гасовите од печките во филтер постројката и нивно пречистување. Филтер постројката е на површина од 1.000 квадратни метри и е висока 25 метри. Инсталирани се три главни и еден помошен мотор со вкупна сила од шест мегавати. Оџакот со дијаметар од шест метри е висок 42 метри-  рече Бановски.

Покрај овој систем, со одобрената мултивалутна кредитна рамка ќе се рефинансираат постојните кредитни линии на компанијата со банката, а средствата ќе се користат и за зголемување на енергетската ефикасност и за намалување на трошоците при работењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top