| четврток, 6 декември 2018 |

Двоцифрен пораз на Металург во Париз

Македонскиот шампион Металург е се подалеку од втората фаза по групи во Лигата на шампионите, по тешкиот пораз вечерва со 11 разлика, 24-35, против Пари Сен Жермен.

Популарните „светци“ беа пресилни за скопјани, кои се соочуваат со многу кадровски и финансиски проблеми, па поразот во Париз против еден од најбогатите ракометни клубови е очекуван.

Дуелот беше решен уште по првите 30 минути, кога ПСЖ имаше предност од 19-10. Во второто полувреме се играше ревијално за гол повеќе и во такви услови Металург солидно парираше и го загуби второто полувреме со 14-16.

Сега следува пауза во натпреварите од ЛШ, поради Светското првенство во Катар, на кое ќе учествува и Македонија.

metalurg-psg-5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top