| четврток, 6 декември 2018 |

Сензационалниот боксерски меч бил наместен: Мики Рурк се борел против бездомник платен да изгуби

Боксерот Елиот Сејмур (29) кој во петокот го изгуби мечот од 62-годишниот актер Мики Рурк бил платен да изгуби, дознал „Дејли мејл“ од извори блиски на семејството на младиот боксер. Сејмор и Рурк оделе во иста теретана во Холивуд, а изворот од теретаната го опиша Сејмур како „професионален противник“ со објаснување дека тоа значи оној кому му плаќате за да изгуби. Што е уште пострашно, младиот боксер речиси 18 месеци е бездомник, се оддалечил од семејството и спие по паркови, а неговите пријатели напоменале дека во последно време има психички проблеми и семејството се плашело дали воопшто е способен за пат во Русија, каде се одржуваше овој контраверзен боксерски натпревар меѓу славниот актер и двојно помладиот противник.

Како што дознава „Дејли мејл“, Сејмур требало да падне во четвртата рунда, но не знаат зошто во меѓувреме се изменил договорот и тој паднал во втората рунда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top