Осум години затвор му пресуди скопскиот Кривичен суд на Ѓорѓи Топаловски, обвинет дека во 2007 година, кај Зоолошката градина во Скопје, ги убил Андреј Филип-Џиџи (34) и неговиот шура Новица Благоевиќ-Моско (30).
Судот го огласи за виновен и му изрече по четири и пол години за две кривични дела убиство на миг и го осуди на единствена затворска казна од осум години.
Топаловски поради технички причини не беше спроведен од притвор од Шутка за да ја чуе одлуката на Судот. Тој со одлука на Кривичниот суд останува во притвор до правосилноста на пресудата.
Според обвинението, Топаловски без своја вина бил доведен во состојба на силна раздразливост и го извршил двојното убиство.
Пред судот тврдеше дека не се сеќава на убиството и се повика на исказите на очевидци.
Невропсихијатри во судница потврдија дека афективната состојба била причина за обвинетиот да го изврши кривичното дело. По убиството Топаловски побегна. Беше фатен во април годинава и екстрадиран од Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.