| четврток, 6 декември 2018 |

Бал на различности: Да ги прифатиме сите што не се исти (фотогалерија)

Целта на настанот е во секој сегмент од општеството да бидат вклучени лицата со посебни потреби и да се помогне во подигнување и менување на свеста кај луѓето

dajte ni krilja

Под мотото „Да ги споиме нашите светови“, вечерва во МНТ се одржа вториот Бал на различности. Манифестацијата ја организираше Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“, под покровителство на сопругата на претседателот на Република Македонија Маја Иванова.

Целта на настанот е во секој сегмент од општеството да бидат вклучени лицата со посебни потреби и да се помогне во подигнување и менување на свеста кај луѓето.

– Вечерва од тука ќе испратиме апел до пошироката јавност и до сите релевантни фактори во општеството за неопходноста од промена на ставот кон маргинизираните групи, да ја подигнеме свесноста за солидарност и прифаќање како рамноправни членови на нашето општеството – рече Иванова.

Нема случајни луѓе на оваа планета, вели таа, секое дете, секој човек се раѓа со предодредена цел, која може да се оствари преку неговите вродени, од Бога дадени потенцијали и способности. И, како што нема случајни, така нема ниту идентични луѓе. Секој човек, без исклучок, е оригинален, уникатен и неповторлив, посочи Иванова.

132397450

Најизложени на овој ризик се најранливите, лицата со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби. Сите тие имаат свој вроден потенцијал, кој премногу често е занемарен. Како општество, смета Иванова, прерано се помируваме, пребргу се откажуваме, и прелесно ги прифаќаме ограничувањата на ранливите. Премногу често ги занемаруваме нивните мали чекори и мали победи на нивната независност и достоинство.

– Прифаќањето и почитувањето на различностите е најважниот сегмент во комуникацијата со луѓето. Лицата со хендикеп се како нас. Тоа се луѓе со свои потреби, желби, цели. Тоа се луѓе со неотуѓиви права и со право на човечко достоинство. Наша должност е да ги заштитиме оние кои не можат сами да си помогнат. Но, заштитата што ја пружаме, иако добронамерна, не може и не смее да биде ограничувачка, истакна Иванова.

IMG_0998 (Large)

Меѓу нас вечерва, посочи сопругата на претседателот, има и родители на деца со посебни потреби.

– Сакам да знаете дека тоа се посебни родители. Родители полни со љубов, трпение и разбирање. Посебни родители кои храбро се борат против стереотипите и со својот пример ја менуваат свеста на нашето општество. Целосно ве поддржувам и ви благодарам што истрајувате, рече Иванова.

Лицата со хендикеп и дисфункции, додаде таа, не се товар на општеството, туку имаат свој товар, за кој ние сме должни да им помогнеме полесно да го носат.

– Меѓу нас се и лицата со ретки болести, кои не се исклучени, туку вклучени во нашиот потфат да ја направиме Македонија земја на солидарноста, рече Иванова.

IMG_1223 (Large)

IMG_1212 (Large)

IMG_1197 (Large)

IMG_1060 (Large)

IMG_0963 (Large)

IMG_1242 (Large)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top