| четврток, 6 декември 2018 |

И златните славејчиња на сцена со Тони Цетински

На големата сцена за големиот и прв самостоен концерт на Тони Цетински во спортскиот центар „Борис Трајковски“, која веќе се монтира, освен Тони Цетински и неговиот гостин, српскиот колега Жељко Јоксимовиќ, ќе се појави и хорот на реномираниот детски фестивал „Златно Славејче“. На барање на Цетински, хорот ќе го придружува во еден дел од концертот за кој што најавите се дека е нешто сосема поинакво од она на што сме навикнале да го гледаме овој популарен хрватски изведувач.

Цетински во Скопје доаѓа утре, за кога е закажана и генералната проба пред концертот во петок.

– Од принцип никогаш пред концерт не најавувам дека ќе биде спектакуларен, сакам публиката после последната песна да пресуди. Но за овој концерт во Скопје имам некое поинакво чувство. Знам дека ќе биде добро – изјави Цетински.

Влезници можете да најдете на стандардните продажни места по цена од: партер стоење – 500 денари, трибина – 600 денари, фан пит – 700 денари и ВИП – 1200. Резервации на телефон: 072 680803.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top