| четврток, 6 декември 2018 |

Запален автомобилот на советник од ВМРО-ДПМНЕ

Засега непознати лица рано изутринава, 40 минути по полноќ, апалиле автомобил марка „ауди“, сопственост на актуелен советник од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, пренесува „Нова Македонија“.

Пожарот го забележале соседи на советникот, кои веднаш пријавиле во полиција на местото на пожарот пристигнала и противпожарната единица која брзо го локализирала истиот.

Изгорен е внатрешниот дел од возилото, оштетена е и каросеријата. Полицијата поведе истрага против лица за кои се сомнева дека го подметнале пожарот, а истрага нареди и основниот јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top