По повеќе од 30 години агентот Џемс Бонд повторно ќе се судри со својот најголем но и највпечатлив противник- Ернст Ставро Блофилд.
По Доналд Плезенси во „Живееш само двапати“ , Тели Савалас во „Во служба на нејзиното височество“ и Чарлс Греј во „Дијамантите се засекогаш“, Блофилд во новото продолжение за најпознатиот британски агент би требало да го глуми оскаровецот Кристоф Валц.
Иако ликот на Блофилд се појави и во филмовите „Од Русија со љубов“, „Тандербол“ и „Само за твоите очи“, се работеше само за мали улоги и немавме прилика да го видиме неговото лице.
Но, во новото продолжение кое треба да почне да се снима идниот месец, Блофилд ќе биде во преден план, а дали навистина Валц е вистинскиот избор за улогата, ќе се знае токму тогаш кога продукцијата ќе го претстави тимот.
Враќањето на Блофилд е можно откако заврши судскиот процес кој на продуцентите им оневозможи да го користат неговиот лик и организацијата „Спектре“. До неодамна правата за користење на имињата Блофилд и Спектре ги имаше пријателот на авторот на Бонд- Јан Флеминг, Кевин Мекклори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


