Ако сакате да го сочувате здравјето и да ги изгубите вишокот килограми, некои намирници треба да ги избегнувате. Многу е веројатно дека ги конзумирате, бидејќи спаѓаат во категоријата популарни.
Месни преработки
Тие изобилуваат со калории, масти и натриум. Со редовно конзумирање, го зголемувате ризикот да бидете дебели, да заболите од дијабетес, болести на срцето и рак.
Немасна храна
Со децении се продаваат производи на кои се истакнува дека имаат мал процент на маснотии, а американската нација е се подебела. Немасната храна е полна со транс-масти кои се лоши за срцето, холестерол, а губењето на вкусот во таа храна се компензира со големо количество шеќер и натриум.
Мајонез
Никој не вели дека мајонезот е здрав, но многумина не сфаќаат колку е нездрав. Една лажица мајонез содржи 90 калории, 10 грама масти и 90 мг. натриум. Мајонезот навистина треба да се конзумира во мали количини.
Смрзнати јадење
Американците сакаат практичност, и затоа кај нив има во изобилие смрзната храна. Но, таа е полна со калории и натриум, и воопшто не е здрава.
Маргарин
Многумина одбираат маргарин, мислејќи дека е поздрав од масниот путер. Но, тој е полн со транс-масти кои предизвикуваат рак, дијабетес, болести на срцето…
Газирани и слатки пијалоци
Освен што дебелеат, газираните пијалоци се поврзуваат со оштетување на бубрезите, рак, болести на срцето и дијабетес. Диеталните газирани пијалоци исто така се нездрави, а се поврзуваат со зголемен ризик од мозочен удар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.