„Веибо груп“ ќе вработи 5. 600 лица во Македонија, најави премиерот Никола Груевски кој вечерва гостуваше во дневникот на телевизија „Сител“.
-Една од компаниите кои својата инвестиција во Македонија ја најави пред изборите во Македонија, почнува од месец декември. Веибо груп го зголеми бројот на отворени работни места и не информираа дека не 4.000 како што најавија, туку ќе вработат 5.600 лица. Тоа се 1600 повеќе директни вработувања во само една фабрика – рече Груевски.
Тој додаде дека голем број на компании се пред финална одлука да инвестираат во Македонија, а веќе многу компании најавиле инвестиции. Се очекува од новите инвестиции кои доаѓаат да бидат вработени вкупно 13.000 граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.