| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Владата не предлага концепт на екстерно тестирање, туку на државен испит во високото образование

- При државен испит нема проверка на професорите, туку се проверува знаењето на студентите. Притоа, тие доколку и го положат испитот со 6-ка, а од професорот добиле 10-ка, нивната оценка нема да се менува. Ќе биде важно само дека го положиле испитот. Поените ќе можат да си ги видат, но тоа ќе биде само за нив, да знаат како поминале - изјави Груевски

груевски

Владата не предлага концепт на екстерно тестирање, туку на државен испит во високото образование, изјави премиерот Никола Груевски во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител.

– При државен испит нема проверка на професорите, туку се проверува знаењето на студентите. Притоа, тие доколку и го положат испитот со 6-ка, а од професорот добиле 10-ка, нивната оценка нема да се менува. Ќе биде важно само дека го положиле испитот. Поените ќе можат да си ги видат, но тоа ќе биде само за нив, да знаат како поминале – изјави Груевски.

Тој нагласува дека за концептот се уште се слушаат сугестии, иако Владата е решена да воведе некој модел со кој ќе се врши проверка на знаењата стекнати во високото образование. Сепак, работната верзија е веќе прилично детализирана – тестовите ќе ги врши Одборот за акредитација, тие ќе се спроведуваат компјутерски, а резултатите ќе бидат видливи веднаш откако студентот ќе заврши со одговарање на последното прашање.

Груевски потенцираше дека овој концепт, доколку биде усвоен, ќе важи за студентите кои допрва ќе се запишат, а не за оние што веќе се на универзитетите. Затоа, вели премиерот, за него е нејасно незадоволството и протестите на студентите.

– Мислам дека опозицијата ги вади и ќе продолжи да се обидува да ги вади студентите на улица. Според наши информации на повеќе факултети, особено на факултетите во Скопје, имало притисок врз студентите да излезат на протест. На Архитектонскиот факултет дури и се правеле списоци – изјави Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top