| четврток, 6 декември 2018 |

Андреј од ДНК ја покажа девојката (ФОТО)

Андреј од ДНК првпат јавно зборува за својата девојка Наталија, со која е заедно веќе една година. Дека навистина е вљубен потврди и тој, и откри дека откако се појавила таа во неговиот живот, тој се потсмирил и првпат по долго време повторно е среќен и исполнет.

– Наталија е скромна девојка, која не сака многу да се експонира во јавноста. Токму поради тоа, долго време ја криевме нашата врска и не зборував за неа. Среќен сум, ме исполнува, потсмирен сум, не излегувам, уживам во друштвото со неа и мислам дека таа е вистинската – вели Андреј во денешен „Вечер“.

Двојката се запознала сосема случајно и спонтано. Најпрвин се дружеле, а потоа пријателството прераснало во љубов, која уште трае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top