Силно невреме синоќа ја зафати речиси целата територија на Албанија, покрај големата материјална штета, регистрирани се и три жртви.
Надојдената вода на патот кај влезот во градот Лач однела возило во кое патувале татко и ќерка. Загинатиот маж од возилото, бил изваден со асистенција на пожарникари, додека безживотното тело на неговата ќерка било пронајдено утрово на неколку километри од инцидентот.
Третата жртва е момче од селото Скурај кај Курбин, кое го однела надојдена река откако се утнал мостот по кој тој минувал со мотоцикл.
Улиците во Тирана, Драч, Скадар и други градови наликуваа на реки, но засега нема информации за други жртви. Повеќе албански министри во текот на ноќта ги посетија најзагрозените подрачја, а активирани се и сите протипожарни единици, штабовите за справување со природни непогоди и војската.
Силното невреме, проследено со обилни дождови, елктронски празнења и силни ветрови, предивика големи бранови на приморјето, поради што беше попречено одвивањето на поморскиот сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


