| четврток, 6 декември 2018 |

Еуростар нарача уште седум супер-брзи возови од Сименс

еуростарКомпанијата Еуростар соопшти дека ќе купи дополнителни седум супер брзи возови „е320“ од гермаснкиот Сименс за 300 милиони фунти, односно 473 милиони евра.

Во 2010 година беа нарачани десет такви возови, од кои еден беше претставен во Лондон, а догодина ќе биде ставен во функција. Се смета дека возот ке овозможи на Еуростар, кој управува со железницата Лондон- Парис под Ламанж, да лансира нови рути.

Набавката на седум нови возови со брзина од 320 километри на час ќе додаде 300 милиони фунти на сметката од 700 милиони фунти за претходната договорена испорака за десет воза и модернизација на постојниот возен парк на Еуростар.

Францускиот железнички оператор СНЦФ има 55 проценти од акциите на Еуростар, 40 се во рацете на британската влада, додека останатите 5 се белгиски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top