Не претставувам опасност по околината, не ми одредувајте мерка притвор, барал од судијата во претходна постапка на велешкиот суд осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци.
На четириесетгодишниот Тони Станоев барањето не му беше прифатено. По два часа откако полицијата го донесе во судот и му беше одреден бранител по службена должност, тој заврши на издржување 30-дневен притвор во затворот во Шутка. Против него е поднесена кривична пријава за три кривични дела, убиство.
Осомничениот Станоев беше уапсен вчера околу 11.30 часот на градските гробишта во Кавадарци во акција што полицијата ја презеде откако го бараше на повеќе локации во градот. Веднаш го лоцирале како се крие меѓу гробните парцели. На полициската наредба да застане, Станоев, извадил пиштол и се дал во бегстство.
Потоа се случила бркотница во која полицијата испукала предупредувачки куршуми во воздух. Станоев во еден момент бегал низ околните улици, но се премислил и пак втрчал во гробиштата. Потоа бил обиколен и по кратко убедување го спуштил пиштолот, по што бил лишен од слобода. Осомничениот за трикратното убиство ,во изминатите 24 часа беше задржан во полициската станица во Кавадарци. Полицијата со него обавила разговор.
Според полицијата, Станоев претходно бил пријавуван за кривичните дела насилство, нанесување телесна повреда и одземање малолетник. Овие пријави му биле поднесени пред 9 ноември кога се случи трикратното убиство во семејната куќа на Леови во Кавадарци. Тој е осомничен за убиството на 61-годишниот Илија, 56-годишната Билјана и 33-годишната Снежана Леови, родители и сестра на неговата поранешна сопруга Данче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци