Самоубиството на Робин Вилијамс можеби било предизвикано од вообичаената, но погубна деменција која ги оневозможила нормалните функции на мозокот. Имено, судските документи до кои дошол порталот TMZ откриваат дека славниот актер пател од деменција предизвикана од Паркинсонова болест и дека наверојатно имал халуцинации. Извор близок на семејството тврди дека токму оваа болест била клучниот фактор кој го натерал комичарот да се обеси во својот стан во Калифорнија.
Халуцијациите се вообичаени меѓу луѓето кои страдаат од деменција и имаат проблем да ги препознаат пријателите и членовите на семејството. Болеста предизвикува и проблеми со вниманието и вознемиреност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.