Трикратниот убиец од Кавадарци, кој во неделата ги уби родителите и сестрата на својата соптуга бил уапсен на дваесетина метри од капелата, каде што во моментот имало погреб на некоја старица. Станоев, најверојатно, сметал дека дента ќе биде погребот, па ја чекал сопругата за да и пресуди. На драматичното аматерско видео од апсењето направено со мобилен телефон од граѓанин се гледа дека Станоев бил уапсен од полицајци во цивил. На снимката се гледа полицаец со панцирен елек и автоматска пушка, кој пукал во воздух за да го заплаши осомничениот.
Живи ли се Илија и Билјана, преживеаја ли? И Снежана, мртва ли е? Ова биле првите зборови на Тони Станоев откако бил уапсен вчера на градските гробишта во Kавадарци, каде што најверојатно сакал да и пресуди и на сопругата на погребот на нејзините родители и сестра.
Тони Станоев, осомничениот за тројното убиство во Кавадарци имал долг список со лица на кои сакал да им се одмазди. Според тврдењата на кавадаречката чаршија, изминатите два дена додека траla потрагата по него многумина живееле во страв, пишува provereno.
Полициско обезбедување освен пред домот на неговата поранешна сопруга каде беше извршено тројното убиство и пред неговата семејна куќа имало на уште неколку локации.
Неофицијалните информации се дека Станоев упатил закани за ликвидација и до вработени во кавадаречкиот суд. Закани добивале и претставници на локалната власт. Тони Станоев сметал дека многумина се виновни за неговата судбина.
Полициски извори за „Дневник“ откриваат дека кавадаречките полицајци буквално не спиеле за да го пронајдат убиецот. Полицијата имала одредени сознанија и вршела претрес во објекти.
– Особено обрнавме внимание на разговори со негови роднини и пријатели, но и на проверка на населби, викендички, напуштени куќи и недоизградени објекти. Имавме сознанија дека има пиштол со себе и два куршума, кои наводно ги чува за себе и за жена си. Затоа според нас, логично беше да го лоцираме некаде околу гробиштата оти каде инаку би можел најбрзо да дојде до сопругата, ако не на погребот. Се покажа дека добро размислуваме и откако го лоциравме околу градските гробишта го чекавме да се појави – вели полициски извор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка