| четврток, 6 декември 2018 |

Јубилејна понуда за станбен кредит на Стопанска банка АД – Скопје

 banka

По повод годишнината, 70 години од своето постоење, Стопанска банка создаде единствена понуда на станбен кредит, со која уште еднаш покажа дека се грижи за своите корисници и креира банкарски производи според потребите на граѓаните, овозможувајќи им што полесно да дојдат до посакуваниот дом.

Во својата јубулејна година, Стопанска банка започна нова, промотивна и единствена понуда на пазарот на станбени кредити. За сите поднесени барања за станбен кредит во периодот од 03.11. до 31.01.2015 година, се добива промотивна каматна стапка од 3 отсто во првите три години, што претставува исклучителна можност за сите оние кои размислуваат за станбен кредит. 

Исто така покрај гарантираната каматна стапка за првите 3 години, Банката на сите кои ќе поднесат барање за станбен кредит им нуди и дополнително олеснување, нула денари за административни и трошоци за процена.
По истекот на трите години, во примена е променлива годишна каматна стапка, согласно одлука на Банката.

Станбениот кредит може да се користи за купување на стан, куќа, изградба / надградба на куќа, и рефинансирање по најповолни услови на кредити од други банки.

Советниците за кредитирање во филијалите на Банката се достапни за сите прашања поврзани со станбениот кредит, а за дополнителни информации обратете се во филијалите на Банката, на www.stb.com.mk или на 24 часа Контакт центарот 02/3100-109.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top