| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Вилијам и Кејт ќе добијат ќерка, ќе се вика Дајана

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кетрин „Кејт“ Мидлтон неодамна соопштија дека би сакале нивниот син Џорџ да добие сестричка.

Ваквата желба, како што објавуваат лондонските медиуми, ќе им биде исполнета, бидејќи е утврдено дека бремената Кејт носи девојче.

Малата принцеза би требало да се роди во април и речиси сигурно ќе биде крстена по покојната мајка на Вилијам, Дајана.

– Блиски пријатели на Вилијам и Кејт открија дека нивната ќерка ќе се вика Дајана. Уште пред да се роди Џорџ, разговарале за женски имиња и сега се навистина среќни што ќе можат да и оддадат ваква почит на покојната принцеза, изјави Ендрју Мортон, авторот на биографијата на принцезата Дајана.

Британските медиуми наведуваат дека Кејт воопшти не штедела при набавката на се што е потребно за едно женско бебе и веќе е подготвен цел плакар облека за идната принцеза Дајана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top