| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи: Ние не организираме протести во кои се тепаат Албанци

тачи
– Лоша инфраструктура и недоволно образование во местата каде што живеат Албанците е резултатот од четиригодишното владеење на сите градоначалници на ДУИ – истакна лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на вечерашниот митинг во Челопек, во општината Брвеница, и вети дека кандидатот на неговата партија ќе овозможи подобар живот за Албанците, пренесува МИА

– ДПА има кандидати кои се способни за локално менаџирање. Сите кандидати имаат големо искуство и ќе ја подобрат инфраструктурата и образованието каде што живеат Албанците. Кога доаѓав наваму, видов катастрофални патишта и неизградени јавни објекти и сето тоа поради катастрофалната политика која ДУИ ја води на локално ниво. Ние на овие избори имаме професионални кадри за градоначалници, знаеме да работиме, а не како ДУИ да организираме протести во кои се тепаат Албанци за да се покрие неуспехот – рече Тачи. Кандидатот за градоначалник на Брвеница, Бејтула Касами, истакна дека овие избори се голема можност за подобрување на условите во општината.

– Досегашниот градоначалник и кандидат на ДУИ за уште еден мандат нема реализирано ништо. Ги остави училиштата запуштени, нема канализациска мрежа, а не се случува ништо ниту на спортски ниту на културен план. Јас ќе ги активирам згаснатите културни здруженија, ќе изградам сала и нови училишни објекти. Ќе се залагам за професионална администрација која ќе овозможи полесно отворање нови бизниси – рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top