Во НБА лигата синоќа беа одиграни осум натпревари. Во дербито на вечерта кошаркарите на Хјустон Рокетс беа подобри од тимот на Мајами Хит совладувајќи ги со резултат 108-91. Со овој триумф тимот на Кевин Мекхејл продолжи со најдобриот старт во историјата, бидејќи дојде до петтата последователна победа.
Одличен натпревар одиграа Двајт Хауард кој мечот го заврши со 26 поени и 10 скока, како и Џејмс Харден кој уфрли 25 поени. Кај Мајами повторно најдобар беше Крис Бош со 21 поен и 8 скока.
Вашингтон беше пресилен за Њујорк Никс, славеше со резултат 98-83, а најдобар во победничката екипа беше Пол Пирс со 17 поени.
Оклахома и натаму продолжува без Вестбрук и Дурант, а тоа им носи само порази, овој пат загубија од екипата на Торонто со резултат 100-88, а најефикасен играч на натпреварот беше Серж Ибака со 25 поени.
Чикаго Булс со 98-90 го совладаа Орландо, а повторно најдобар играч кај „биковите“ беше Џими Батлер кој игра феноменално од самиот старт на сезоната.
Кливленд повторно загуби, овој пат од Портланд со 101-82. Леброн Џејмс одигра катастрофалане меч, постигнувајќи 11 поени.
РЕЗУЛТАТИ:
ЛА Лејкерс – Феникс 106:112
Портланд – Кливленд 101:82
Торонто – Оклахома 100:88
Мајами – Хјустон 91:108
Њујорк – Вашингтон 83:93
Њу Орлеанс – Шарлот 100:91
Чикаго – Орландо 98:90
Индијана – Милвоки 81:87
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.