Унгарскиот премиер Виктор Орбан потврди дека е решен да го види реализиран проектот за гасоводот „Јужен тек“. Ваквата изјава доаѓа еден ден откако парламентот во Будимпешта усвои законски измени со кои се отвора пат за изградба на унгарскиот дел од проектот.
– Иако има немири во Украина, гасот треба да стигне до Унгарија. За таа цел имаме потреба од друг гасовод, кој не минува низ Украина – истакна Орбан.
– Германија веќе го изгради „Северен тек“ и може да ја избегне Украина како потенцијален извор на опасност. Не сакаме ништо повеќе од тоа што го сакаат Германците – истакна унгарскиот премиер.
Вчера унгарскиот Парламент со 131 наспроти 35 гласа усвои амандмани со кои се дозволува изградба на гасоводот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.