
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 денар, а дизелот поевтинува за половина денар.
Од полноќ новата цена на ЕУРОСУПЕР БС изнесува 73,00 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 денари за литар
Дизелот ќе се точи за 62,5 денари по литар.
Новата цена на екстралесното масло за домаќинство се намалува за половина денар и ќе изнесува 51,00 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,058 ден/кг и ќе се продава за 34,835 денари за килограм, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


