Американскиот претседател Барак Обама има најнизок рејтинг досега пред утрешните избори за Конгресот, покажуваат резултати од анкета, објавена од весникот „Вашингтон пост“.
Обама има поддршка од 44 отсто од учесниците во анкетата, која беше спроведена во соработка со компанијата „Еј-Би-Си“.
Четириест и шест проценти од Американците го сметаат актуелниот претседател за силен лидер.
Речиси ист проценти учесници во анкетата го означиле како добар лидер. Обама, како и што се очекува, најголемо неодобрување, односно 84 отсто, има во редовите на приврзаниците на републиканците.
Кај граѓаните, кои се определуваат како независни, има поддршка од 38 отсто, а незадоволни од неговата работа се 55 отсто од оваа категорија анкетирани.
Анкетата е изработена телефонски, меѓу 23 и 26 октомври, и во неа учествувале 1.204 Американци, кои живеат во различни делови на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


