Фудбалерите на Челси, Диего Коста и Рамиреш се опоравија од повредите и веќе овој викенд би требало да се најдат во составот на Жозе Мурињо.
Коста ги пропушти изминатите четири натпревара поради болест и недоволна физичка подготвеност, но се враќа во составот што е одлична вест за Жозе Мурињо.
Рамиреш надвор од теренот беше од минатиот месец по натпреварот со Сити, а неговото враќање значи засилување на средниот ред.
Челси во сабота од 16 часот на „Стемфорд Бриџ“ ќе ја пречека екипата на КПР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.