
Европскиот суд за човекови права ја отфрлил тужбата на еден Британец, кој побара да му биде овоможено да шета гол по улица.
Стивен Питер Гоу, кого британските весници го нарекоа „гол шетач“, по наговата најава пеш да ја мине земјата целосно гол и откако беше осуден неколку пати во Шкотска поради нарушување на јавниот ред и мир и поради навредите упатени кон судиите пред кои се појавил „како од мајка роден“.
Овој поборник на „невиноста на човековото тело“ минал седум години во британските затвори, најчесто во самици за да не ги вознемирува останатите затвореници.
Судот во Стразбур, на кого Гоу му се обратил поради „прекршување на правото на слобода на изразување и правото на приватност“, оцени дека изречените казни биле „неспорно престроги“, но ја истакнва и „неговата лична одговорност“.
Тој бара другите да бидат толеранти кон него, но и Гоу е должен самиот да покаже трпеливост и разбирање за мислењето на сограѓаните, се наведува во судското образложение.
– Неговото однесување е спротивно од правилата на добро воспитување кои важат во сите модерни демократски општетства – заклучи судот во Стразбур.
Што се однесува до барањето за „почитување на правото на приватност“, Судот оцени дека тоа не им дозволува на поединците да работата се што ќе посакаат на јавно место, исткнаа европските судии, кои воедно нагласија дека е потребно да се покаже „минимум сериозност“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


