| четврток, 6 декември 2018 |

Покриена со бел чаршав, состојбата на Валентина непроменета

 

valentina-carsavv

Единствената преживеана од кобната сообраќајна несреќа во Белград, каде загинаа четворица, се уште се бори за живот.

Состојбата на Валентина Михајловиќ (20) не е променета, а нејзиното семејство бара да биде оставено на мира.

-Имајте разбирање, очајни сме. Ја видов Валентина како лежи со бел чаршав покриена до вратот, само повреденото лице може да и се види. Ни остана само да се молиме за неа – вели нејзиниот татко.

Во местото каде живее повредената е целосен молк. Сите ги тешат родителите и се молат за животот на Валентина.

За потсетување, таа беше во автомобилот во кој животот го загубија нејзините другари Даниел, Кристијан, Исидора и Сеад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top