-Драги битолчани, Сакам искрено и од се срце да Ви се заблагодарам за Вашата огромна поддршка во изминатиот период и уште веднаш да Ве информирам – ова е тимот кој заедно со Вас од Битола ќе направи многу поубаво место за живеење.Кандидатите за советници од Сојузот за иднината се луѓе чесни, луѓе домаќини, експерти во својата дејност, почитувани и докажани. Суровата реалност вo која сите живееме стана наш сериозен предизвик,кој заедно со Вас ќе го премостиме. Кога денес се говори за Битола, гласот трепери, а срцето тагува, очите не веруваат. Токму затоа, драги битолчани – Време е! Време е заеднички да се избориме за нашата Иднина и на нашите поколенија да им оставиме општина во која вреди да се работи и живее, да се основа семејство и да се старее. Визијата за општината, со Ваша помош е претставена во нашата изборна програма, каде се претставени решенијата, идеите, мерките и проектите за Европска и напредна Битола – изјави Менде Диневски,кандидат за градоначалник на Битола од редовите на СДСМ.
тој ги презентираше 16-те ТОП проекти кои се дел од стотиците мерки и решенија за нашата Битола;
• Гасификација на Битола;
• Изработка на нов Генерален Урбанистички План;
• Изградба на современ затворен градски пазар;
• Изградба на повеќенаменска сала за спортски, културни и музички настани;
• Реконструкција на градскиот стадион под Тумбе Кафе;
• Изградба на 3 нови булевари;
• Изедначување на условите за домашните и странските инвеститори во постојните индустриски зони;
• Регулација на течението, реконструкција и изградба на мостови на реката Драгор;
• Реконструкција на железничката пруга Битола – граничен премин Меџитлија;
• Обезбедување на дополнителни 2.000 паркинг места;
• Сукцесивно намалување на цената на водата;
• Обезбедување на нови општински станови преку ЈПП;
• Стимулации за примена на елементи од градската архитектура;
• Отворање на општински центар за развој на мали бизниси и бизнис едукација;
• Развој на туризмот во подпелистерските села и изработка на проект за летен рекреативен центар;
• Современа инфраструктура, модерна урбана опрема, електронска-Битола и ефикасна администрација;
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.