| четврток, 6 декември 2018 |

Масовен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Росоман

rosomanВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија го одржаа досега најмасовниот митинг на територијата на општина Росоман, на кој присуствуваа министерот за образование и наука Панче Кралев и заменик министерот за економија Христијан Делов. Кандидатот за градоначалник на општина Росоман од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија Стојанче Лазов пред присутните се обрати и се осврна на изминатите четири години но и на програмата за наредните четири години.

 -Поминаа четири години кога на плоштадот тука ја побарав вашата доверба да ја водам општина Росоман кон подобра иднина. Од тука до вас ветив многу работа и многу проекти кои во голем дел од нив вие ги користите и ги гледате и тука се за нас и нашите деца. Овие проекти кои ги ветивме тука заедно со Владата на РМ предводена од ВМРО-ДПМНЕ се реализирани над 95% а пред вас секоја година беа испорачани со отчет и транспарентно да имаат сите граѓани увид во мојата работа. Од 2009 година кога станав градоначалник до денес секоја година буџетот на општината растеше за уште еден буџет. Ако во 2009 година изнесуваше 9 000 000  денари оваа година изнесува 27 000 000 денари. Ова зборува за нашата посветеност и домаќинско однесување кон вас жителите на општина Росоман. Секоја година се трудевме да постигнеме нови резултати да реализираме нови проекти но и да го олесниме пристапот на вас до услугите на општината – рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top