
Управата за јавни приходи очекува до крајот на јануари сите продажни места да бидат покриени со ГПРС фискални уреди. Тие со промет над 10 милиони денари, бензиските пумпи и угостителите објекти вакви уреди треба да имаат најдоцна до 31 овој месец, а сите други до 31 јануари 2015 година. Според последните податоци на УЈП, 3.348 даночни обврзници успешно ја имаат заокружено
Директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски верува дека сите големи даночни обврзници ќе ја исполнат обврската до крајот на месецот.
– Стапено е во контакт со сите. Нашите информации од терен говорат дека сите компании се веќе во фаза на преговори со овластените продавачи на каси и поголеми системи и веќе од следната недела, односно од 1 ноември продолжуваме со другата категорија даночни обврзници – изјави Трајковски одговорајќи на новинарски прашања на денешната презентација на завршната студија за нов ИТ систем во УЈП.
Посочува дека постои висок степен на оптимизам дека заклучно со крајот на јануари во Македонија сите продажни места ќе бидат покриени со ГПРС уреди.
Доколку не се набават новите уреди предвидени се санкции, како за непоседување фискална каса, односно привремена мерка забрана за вршење дејност, како и парични глоби за одговорното лице и за правното лице.
Проценките се дека до крајот на месецов, 8.900 даночни обврзници треба да се фикализираат со нови уреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство


