| четврток, 6 декември 2018 |

Гркинките за поевтини силиконски гради одат во Бугарија

scarlessbreastreduction-640x478

Зголемување на градите е најзастапена пластична операција во светот. Излегува дека во некои држави оваа корекција е повеќе популарна отколку во другите. Видете во кои држави оваа интервенција се прави најчесто:

10.Грција

Некои Гркинки дури одат во Бугарија, за да си направат корекција на градите поевтино. Во Бугарија ставањето на силиконски гради е за 30-50% поевтино отколку во грчка клиника.

9.Велика Британија

Годишно на Островот се прават околу 30.000 вакви операции. Операцијата чини во просек 7.000 – 9.000 долари.

8.Канада

Околу 25% од пластичните операции во Канада се за зголемување на градите.

7.Русија

Русинките се познати како многу убави жени. Тие држат до својот изглед и ставањето на силикон е избор кој многу од нив го прават.

6.Колумбија и Венецуела

Во двете земји во текот на изминатата година се направени вкупно 82.900 такви процедури. И во двете држави, сепак има голем проблем со квалитетот на имплантите. Илјадници жени страдаат од компликации поврзани со неквалитетни и испукани импланти.

5.Шпанија

Во 2013 година во Шпанија се направени 38.800 такви операции. Земјата е на 10-то место по најмногу пластични интервенции како целина. Тука се нудат и многу евтини операции. Зголемување на гради може да ве чини 2. 500 долари. Ова ја прави Шпанија дестинација за медицински туризам. Нудат цели одмор пакети – операција + 7-10 дена закрепнување во убав хотел.

4.Германија

Во 2013 година во земјата биле извршени 55.160 пластични операции за ставање на импланти во градите. Интересно е дека Германија е на прво место по бројот на операции за зголемување на пенисот.

3.Мексико

Во 2013 година се направени 57 .690 пластични операции. Земјата е една од топ дестинациите за медицински туризам, бидејќи нуди евтини операции.

2.Бразил

Бројот на зголемување на градите во Бразил е неколку пати поголем од тој во Мексико, или вкупно 226.000. Пазарот на естетска хирургија цвета. Операциите често се купуваат за подароци за родендени и дипломирање.

1.САД

Во 2013 година се извршени 313.700 такви процедури во САД. Дамите во САД држат на својот изглед и често прибегнуваат со леснотија до пластичната хирургија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top