Насилници го прекинале роденденот на ЛГБТ центарот. Според првичните информации една девојка е повредена откако 30-тина насилници упаднале во кафе барот „Дамар“ во Старата скопска чаршија каде вечерва се славеше двегодишнината на ЛГБТ заедницата во Македонија.
Пред 21 часот групата, маскирана со капи фуриозно упаднала во барот и фрлале со гајби по гостите. По напрвениот неред, напуштиле кафе-барот. Исплашените гости и персонал првично не успеале да препознаат некого од напаѓачите.
Во моментов полицијата врши увид на местото на инцидентот. Малкуте камери низ Старата чаршија и да снимиле нешто, непознато е колку ќе помогнат при идентификација на насилниците, со оглед на мракот и на изгледот на групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.