| четврток, 6 декември 2018 |

Татковците се преправаат дека спијат кога плаче бебето?

Доколку откако го слушнавте плачот на бебето помисливте дека вашиот сопруг цврсто спие и тргнавте кон детето, погледнете уште еднаш.

Научниците велат дека голема е веројатноста таткото да е разбуден, исто како и вие. Најновата студија покажа дека повеќе од половина од испитаните татковци се преправаат дека спијат кога ќе го слушнат плачењето на бебето. Нивното објаснување беше едноставно: ако ги држат очите затворени и се преправаат дека се во длабок сон, нивните партнерки ќе станат место нив и ќе го смират бебето.

Во истражувањето учествувале повеќе од две илјади родители, а дури 56 отсто од татковците признале дека намерно се преправале дека спијат за да го избегнат станувањето.

Многу мажи објасниле дека во тој момент, секако, мајките би требало да бидат со бебето затоа што тие се незаменливи, а еден од петмина татковци истакнал дека децата, обично, ја бараат мајката. Тројца од десетмина мажи пронашле оправдување во тоа дека мораат да бидат одморени за наредниот работен ден.

Резултатите покажаа дека дури 47 отсто од родителите изјавиле дека ноќното станување е резервирано само за мајките, додека само 14 отсто признале дека тоа е работа што е наменета и за татковците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top