
Потрагата по вакцина за ебола наскоро ќе даде информации дали двете експериментални вакцини се безбедни за користење и дали тоа може да значи пообемни тестирања на терен во Западна Африка до јануари, рече висок претставник на Светската здравствена организација.
Докторка Мари Поли Кини, помошник генерален директор на СЗО, рече дека клиничките тестирања што се планирани или се во тек во Европа, Африка и САД се очекува да дадат прелимнарни информации за безбедноста до декември.
Во меѓувреме, вели таа, владите повикуваат веднаш да почне да се користи некоја одобрена вакцина за ебола.
На прес-конференцијата во Женева таа рече дека има двајца истакнати кандидати за вакцина.
Ако вакцините бидат прогласени дека се безбедни десетици илјади дози ќе бидат употребени во тестирања во Западна Африка почнувајќи од јануари за да се тестира нивната ефикасност, рече таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


