Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, кој во неделата попладне беше уапсен под сомневање дека извршил повеќе кривични дела, меѓу кои и злоупотреба на службена положба и овластувања, трговија под влијание и корупција, може да биде осуден на десет години затвор, пишуваат медиумите во Хрватска.
Според нив, Бандиќ бил вмешан во дури пет големи афери, поради кои се уапсени уште 19 лица, меѓу кои и познати бизнисмени и претседателот на управата на „Загрепски холдинг“ Слободан Љубичиќ.
Бандиќ вчера на распитот кај истражниот судија во канцеларијата за борба против корупција и организиран криминал негирал каква било поврзаност со корупција во градската управа и во „Загрепски холдинг“, изјавил неговиот адвокат. Испитувањето траело еден час, а пред него биле испрашани сите други уапсени. Сослушувањето продолжува и денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.